„Забрането е онлајн појавување на пратеници без црвено велигденско јајце“ – еден од од 3.000 амандмани поднесени од опозицијата

0
85

Од Левица доаѓаат и други слични амандмани: пратениците да не носат обележја на салони за педикир и маникир.

Амандманите на опозицијата се реакција на безобразното и арогантното однесување на власта кон Собранието, во ситуација кога предлага измени на Деловник без консултации со партиите, реагира ВМРО ДПМНЕ.

Најголемата опозициска партија очекува консултации за сите позначајни законски проекти, вклучувајќи го и предлогот за продолжување на кризната состојба на цела територија за шест месеци. А блокадата на закони со амандмани, во светот позната како филибастеринг, е применета и на Законот за здравствена заштита. Поради 500 до 600 амандмани на предлогот – задолжителното пензионирање на 64 го