Заев: Ветото од Бугарија не е наша вина

0
66

Ветото од Бугарија не е наша вина, изјави премирот Заев при обраќањето по повод 100 дена од владата. Цврсто стоиме на ставот дека е можно решение со Бугарија со почитување на Договорот за добрососедство од двете страни, смета Заев додавајќи дека нема друг план освен членството во Европската унија.

Првиот човек на владата оценува дека нема нешто што не е исполнето од Договорот со Бугарија од наша страна, туку дека можеби има помала динамика во спроведувањето. Разговорите со Бугарија мора да продолжат, смета Заев посочувајќи дека не се разговара за ревизија на Договорот, туку за краткото и долгото име на државата и за реципрочно немешање во внатрешните работи.

Главен предизвик во првите 100 дена од владата било справувањето со пандемијата со Ковид-19. Падот на економијата поради пандмеијата, смета премиерот Заев ќе биде во рамки на предвидените 4,3 проценти, но дека од на пролет ќе почне да се намалува ширењето на падемијата и повторно ќе се врати економскиот раст.

И во состојба на пандемија, државата ќе се фокусира на инвестиции во чисти извори на енергија, заштита на околината, поотворени институции, достапно образование, неселективно владеење на правото и попис наредната година.