Заев: Може по две-три стебла марихуана за лична употреба

0
68

Лично сметам дека за 0,5 грама за лична употреба, не треба да се одговара“, вели премиерот, кој во легализацијата на марихуаната гледа можност за развој на туризмот
Легализацијата и декриминализацијата на канабисот нема да биде привилегија само на богатите. Со оваа владина мерка се отвора можност секој граѓанин за своја лична употреба да може да одгледува мала количина канабис. Ова го најави денеска од собраниска говорница македонскиот премиер Зоран Заев, кој одговараше на пратенички прашања. Премиерот очекува широка дебата во Собранието за целосна легализација на марихуаната со цел развој на туризмот и услужните дејности. Тоа, според него, може да биде во кафетерии каде е дозволена консумација по примерот на Амстердам, но државата треба да се стреми и за целосна легализација, преку која и граѓаните ќе можат да одгледуваат одредена количина марихуана под контрола или да ја дадат на компанија да ја одгледува за нив. „Лично сметам дека за 0,5 грама за лична употреба, не треба да се одговара“, вели Заев.