Заев: Не знаеме веќе што треба да решаваме со Бугарија

0
68

Бугарија ја прошири листата на проблеми кои ги има со Македонија, вметнувајќи ги на неа како последни и македонските граѓани со бугарски државјанства. Бугарското министерство за надворшени работи соопшти дека ниедна бугарска влада не може да ги предаде овие луѓе, без појаснување што конкретно мисли под тоа, по што во саботата премиерот Зоран Заев коментираше дека веќе не знае кои се прболемите што треба да се решава со Софија.

„Не знаеме веќе кој е проблемот кој треба да го решаваме со Бугарија е коментарот на премиерот Зоран Заев на новата порака која стигна од Софија дека бугарската позиција по прашањето на Македонија нема да се промени бидејќи таа не смее да ги предаде бугарските државјани во Македонија.

„Ако е тоа решението ќе ги прашаме и македонските граѓани со бугарски пасоши. ние сме пријатели. Навистина испратив порака дека треба да го решаваме проблемот, којшто не знам кој е проблемот. Претседател сум на оваа влада, почнаа од долгото – краткото име – дефиниравме дека и краткото име е исто што и долгото име ‘Република Северна Македонија’. Нема никакви територијални претензии, нема да ја нападнеме Бугарија. Пренесовме доверба комплетна нивната авионска ескадрила да го чува македонското небо. Како поинаку да кажеме дека имаме доверба во нашите соседи“, изјави Заев.