Заев: Пописот мора да се одржи и да се добијат податоци – од резултатите нема да зависи губење или добивање нови права

0
118

Пописот мора да се одржи и да се добијат податоци кои се битни зе секој држава. Лицата кои се надвор од државата подолго од една година, по правило на ЕУРОСТАТ не спаѓаат во домашно население. Какви и да бидат резултатите, никој нема ниту да добие повеќе права или да изгуби стекнати, порача премиерот Зоран Заев.

-Тоа е Еуростат правило. Јас така го знам. Сите што се повеќе од една година надвор од државата тоа се иселени луѓе од државата, тоа не е население домашно и тоа е јасна работа. При попишувањето денеска со интегрираниот систем којшто МВР го има целосно да располагање ние во секој момент можеме да провериме кој било граѓанин, ние – државата, дали е тука во државата или не и колку време е надвор од државата. Тоа се проверува на копче буквално заради тоа што секој излез од државата е регистриран. До пред четири години немаше таква можност заради тоа што многу често, можеби и вас ви се случило, мене ми се случило, во гужвите летото те пуштаат низ границите ајде помини. Сега веќе тоа е недозволиво, истакна премиерот Заев во „Само Интервју“ на Канал 5 ТВ.