Законот за попис влезе во Собрание- АА и Алтернатива: Пописот да не го спроведува ДЗС, бидејќи немало функционери Албанци

0
89

Пописот да не го спроведе Државниот завод за статистика, е најновото барање на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. Немале доверба во оваа институција, бидејќи на раководните позиции немало ниту еден Албанец. Сметаат дека пописот треба да го спроведе нова посебна комисија. Координаторот на нивната пратеничка група Скендер Реџепи, порача дека власта премногу брзала со новиот предлог закон и најави дека ќе бараат промени поднесувајќи голем број амандмани.

-Ние бараме реализацијата да не ја води Заводот за статистика, оти како коалиција немаме доверба во скоро еднонационална институција, во која што од 9 раководни позиции нема ниту еден Албанец. Бараме од страна на Владата да има службена државна пописна комисија, која што ќе го спроведе пописот. Имаме и низа други амандмани, од кои што верувам ќе наидеме на разбирање од предлагачот за да бидат вклопени во склоп на пописниот закон, изјави Реџепи.

Додека власта брза да го протне овој според многумина контроверзен предлог закон, поддршка за истиот нема ниту од ВМРО-ДПМНЕ. Тие со 26 амандмани ќе се обидат да ја зголемат доверба во пописот кај сите граѓани, а главното барање е истиот да се спроведе со отисок од прст.

ТОНСКО НИКОЛА МИЦЕВСКИ- координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ: Избегнувањето на обезбедување на фингерпринт е навистина нешто што не дава сигурност во целата постапка. Образложенијата дека тоа е скапа операција и треба време не држи. Затоа што таква одлука за набавка во ДИК за таква апаратура има, меѓутоа не се префрлени пари од буџетот во ДИК за тоа, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.