Затворен ноќен клуб во тетовско- биле затекнати стотина луѓе што гости што танчерки

0
79

Петнаесет минути пред полноќ полицијата упадна и затвори угостителски објект на регионалниот пат Тетово-Желино. Од затекнатите 94 лица, 17 биле танчерки од Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Молдавија, останатите 73-ца биле гости. Откако полицијата добила дојава дека угостителскиот објект работи спортивно на законот, со Државниот пазарен инспекторат излегле на терен. Освен што констатирале дека објектот работи спротивно на мерките за справување со коронавирусот, при контролата пронашле марихуана и метадон по што лишиле од слобода две лица. Пријава добиле и 17-те танчерки од странство, а против сопственикот на локалот ќе биде поднесена пријава по чл. 206 од КЗ, велат од МВР. Во локалот во посебно изработени рафтови со бројки, биле пронајдени пари. Три лица немале лична карта и биле приведени во СВР Тетово за да им се утврди идентитетот. Државниот пазарен инспекторат го пломбирал објектот и издал забрана за вршење на дејност 30 дена.

Угостителските објекти и приватни забави за време на новогодишната ноќ и претстојните празници остануваат под будното око на полицијата и инспекторите. Оние кои што нема да ги почитуваат мерките ќе добијат кривични пријави, соодветна парична казна или затворска казна до една година. Останува апелот до граѓаните да не се групираат и празниците да ги поминат безбедно во своите домови за да нема нов пик на коронавирусот. За поуспешно справување со непочитувачите на мерките за време на празниците, Полицијата отвори анонимен бесплатен телефонски број 0800-00-201 на кој граѓаните ќе можат да пријавуваат организирани настани и прослави и да бидат партнер во спречувањето на ширењето на вирусот.