Захариева: Шилегов да го слави Тито е како градоначалникот на Берлин да го слави Хитлер

0
66

Шефицата на бугарската дипломатија Захариева во интервјуто за германски Велт ја обвинува Македонија за лаги и пропагандна војна против Бугарија. Македонија е таа која ги негира правата на Бугарите, а не обратно вели таа.

Најтешка тема се неточните обвинувања што се слушаат подолго време дека им го негираме правото на самоопределување на Македонците. Или правото да го нарекуваат нивниот јазик како што сакаат. Но, земјите не признаваат јазици или нации, туку само други држави, вели Захариева за ВЕЛТ.

Бугарската министерка се жали дека е жртва на говорот на омраза во Скопје. Навраќајки се на интервјуто на градоначалникот Шилегов, Захариева повтори дека не разбира како може Македонците да го чествуваат Тито, кој според неа е еден од најмрачните диктатори во светската историја.

За помалку од десет години тој убил речиси 1,7 милиони луѓе во поранешна Југославија. А тие таму го слават него. Градоначалникот на Скопје е партиски другар на Заев. Потоа веќе таму не бев толку популарна. Ама тоа е исто како градоначалникот на Берлин да дојде на идеја да го слави денот на смртта на Хитлер“, вели Екатерина Захариева.

Блокадата за македонските прегвори, Захариева ја правда со низа причини, од наводното политизирање на комисијата за историски и образовни прашања, па се до немање слух за заеднички инфраструктирни проекти за што ја обвинува македонската страна. Таа предлага спорот да се надмине така што Договорот за добрососедство ќе се де дополни со анекс кој ке даде гаранции и рокови за негово спроведување.

сител