За 10 години, 65.675 Македонци добија бугарско државјанство

0
63

Во текот на изминатите 10 години, 65.675 македонски граѓани добија бугарско државјанство.

Ова денеска го соопшти министерката за правда на Бугарија, Десислава Ахладова за време на говорот во бугарскиот парламент, каде главна тема беа односите со Северна Македонија.

Според неа, сите што ги поднеле апликациите биле основани и се прогласиле дека имаат бугарско потекло.

Официјалните бројки покажуваат дека овие државјанства биле доделени во периодот 2010 – 2020 година, почитувајќи ги државните закони и декрети.

На седницата на Собранието имаше жестока дебата околу тоа зошто Македонците трчаат по бугарско државјанство за да ги искористат поволностите што им се нудат како граѓани на ЕУ, додека во Скопје се води невидена политика против Бугарија.