Иницијативата на албанската опозиција за измени во законот за државјанство најверојатно нема да добие поддршка од владата која најави забелешки и амандмани

0
70

Може да има стотици, илјадници или десетици илјади граѓани кои со години живеат во земјата и кои немаат државјанство, но за точниот број институциите не знаат или не кажуваат. Иницијативата во Собранието за промена на законот за државјанство од страна на албанската опозиција, ги враќа надежите на овие луѓе, иако се мали. Дритон Шерифи и неговиот брат, иако се родени во Куманово на почетокот на осумдесеттите години на минатиот век, не најдоа решение за ова прашање веќе две децении.

„Немам веќе волја да одам во полиција, затоа што и тие самите не знаат кои документи ги бараат. Не знаеме каде да се обратиме и каде да одиме. Одамна ни велат „да, ќе биде“, а нема резултат. Досега да бев во Швајцарија ќе добиев државјанство “.

Со години, Алсат објавуваше десетици други случаи кога државата ги одолговлекува барањата или ги нарекува овие луѓе „опасни за државата“. Еден од овие примери беше и со мајката и сопругата на Нухи Шерифи од населбата Барди во селото Блаце, на Севдаим Цека со неговото семејство, од Тетово и многу други.

„Мајка ми живее тука во Македонија веќе 50 години. Државјанство нема. Мојата сопруга живее 20 години, исто така нема државјанство. Кога отидов ми рекоа дека тие и дале државканство затоа што е „опасна за државата“.

„Немам државјанство. Не дека сум единствениот, но ниту моите родители немаат, ниту дедо ми ми, баба ми. Последен пат кога бев во полиција, ми рекоа дека не вреди ниту фактот дека си роден тука, ниту вашето образование.

Лицата без државјанство немаат здравствено осигурување, немаат право на глас или право на вработување како и сите други граѓани.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека се работи на решение.

Но, ваквите ветувања досега беа многу пати дадени. Со доаѓањето на власт во 2017 година, премиерот Заев и тогашниот министер за труд и социјална политика Царовска, најавија итна регистрација на лица без државјанство и лица нерегистрирани во која било институција. Ништо не беше исполнето со ова ветување.

Коалицијата Алијанса – Алтернатива сега предлага сите лица кои биле државјани на една од земјите на поранешна југословенска федерација, и кои живееле на територијата на Македонија до 8 септември 1991 година, да можат да поднесат барање за државјанство со изјава дадена од тројца сведоци. Меѓу другото, апликантите кои поднесуваат барање, да може да подлежат на тест на албански јазик, а не само на македонски јазик. Власта неофицијално најавува низа амандмани и забелешки за опозициската иницијатива во Собранието