Институтот за историја бара МОН да го повлече концептот: предметот се спојува кога историјата безмилосно се напаѓа

0
80

Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје, во реакција од сите членови на Институтот, бара Министерството за образование и Владата да го повлечат најавениот концепт за спојување на наставниот предмет историја со други предмети.

Во дел од нивната реакција се вели дека концептот предвидува, како што велат, интегрирање на историјата со науки од сосем различен вид во миг кога македонската историја, македонскиот јазик, и македонскиот идентитет воопшто, се безмилосно нападнати и неосновано оспорени однадвор.

Во еден ваков несреќен момент, секое продолжување на замислената интеграција може да се протолкува како внатрешно институционално содејство со надворешни желби и притисоци, велат од Институтот