Иџет Мемети по 16 години Народен правобранител, оди во Советот на јавни обвинители

0
166

Иџет Мемети, досегашниот Народен правобранител, после 16 години на оваа функција, од денеска е член во Советот на јавни обвинители. За неговиот избор гласаа 61 пратеник во Собранието, без против и воздржани.

Пред да биде Народен правобранител, Меџети беше и министер за правда, уставен судија, државен советник во Владата и дел од ДИК. Неговиот мандат истекуваше на крајот од овој месец.

За член на Советот на јавни обвинители беше избран и Љупчо Ивановски. Собранието избра и нов член на Судскиот совет. Тоа ќе биде Павлинка Црвенковска, досегашен судски советник во Апелација.