Како граѓаните со блокирани сметки да ја искористат владината помош?

0
72

Граѓаните со блокирани и оние кои воопшто немаат сметки до петок мора да ги ажурираат податоците и да отворат сметка за да можат да ги добијат парите од државната помош. Ако до тогаш не ги распределат средствата, банките имаат обврска да ги вратат во буџетот. Сите информации за оваа категорија граѓани банките ги имаат објавено на нивните веб страници.

Во меѓувреме гужвите пред банките продолжија и денеска. Граѓаните брзаат да ги повлечат парите од државната помош. Оние со картички побргу завршуваа работа на банкоматите, останатите чекаа во редот за да ги подигнат од шалтер. Најголем дел од нив велат дека средствата ќе ги искористат за купување на прехранбени производи.

Од владата повторно не прецизираа дали со парите ќе можат да се купуваат какви било производи или пак ќе мора да се македонски, како што првично и се најавуваше.

Државната помош од 6.000 денари им следува на околу 300 илјади граѓани. За мерката обезбедени се 27,6 милиони евра.

Сител