Криминалното здружение СДСМ не може да ја сокрие неработата и скандалите на Шилегов

0
64

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, реакција на соопштение на СДСМ

„Креирањето на лаги е препознатлива вештина на функционерите од СДСМ, а ништо поразличен не е ни Петре Шилегов.

СДСМ е извор на лаги, неуспеси и на порази за граѓаните. Како што со Заев Македонија нема датум за европска иднина, така ни со Шилегов Скопје нема зиплајл до Кале, чист воздух, зачувано Водно. Само лаги и порази. Затоа и после три цели години СДСМ уште зборува за ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи нема за што да каже за Шилегов.

Единствено што е развиено во Скопје со Шилегов се високите цени за живот во Скопје, висок степен на загаденост, но и висок профит за Петре Шилегов, ама за тоа фабриката за лаги од СДСМ мора да сокрива.

Со Шилегов и СДСМ Скопје единствено се развива само како крими центар на јавни куќи и нарко пазарот!

Хонорар од 50.000 денари месечно е тежок судир на интереси констатиран од ДКСК. Само за криминогено здружение СДСМ тоа е “чисто”.

Каков лидер, такви функционери- само лаги, криминал и порази! Единствено за што се грижи СДСМ е како повеќе да стави в џеб на сметка на сиромашни граѓани.“