Кумановскиот градоначалник – Изборот на Бучковски е лапсуз

0
70

Македонија направи грешка со изборот на Владо Бучковски за специјален претставник во спорот со Бугарија, смета градоначалникот на Куманово и член на Централниот одбор на СДСМ, Максим Димитриевски.

Во гостување на телевизија „Сител“, Димитриевски посочи дека при изборот на Бучковски не биле земени предвид неговите порано јавно искажани ставови.

Владата направи голем лапсус со изборот на Владо Бучковски затоа што требало да се види неговото интервју за ТВ „Европа“ кај почитуваниот новинар Ѓорѓи Коритаров. Таму многу јасно и недвосмислено зборува за некои моменти кои не се дел од општоприфатливата историја која почива на факти коишто се втемелени кај нас и мислам дека тој нема да даде придонес во развојот на наметнатите проблеми – изјави Димитриевски.

Тој вели дека на овој начин се прави самонегација и Владата морало да го има предвид ставот на Бучковски при неговото назначување.

Во моментов се дикутира за нешто што е непобитен факт – истакнува Димитриевски.

Тој вели дека нема простор за преговори за идентитетот, како ни за Гоце Делчев кој се родил, живеел и се борел за Македонија.

Лесно е да се правите силен на послабиот, но верувам дека ќе изнајдеме начин како да го надминеме тоа – вели Димитриевски.