Лавров по средбата со Вучиќ: Ја поддржуваме избалансираната политика на Србија

0
69

Српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се обратија на прес конференција по билатералната средба.

,,Успеавме да го разгледаме опсегот на нашите билатерални односи, рече Лавров на почетокот на своето обраќање.

„Во Москва високо го оценија учеството на Вучиќ на парадата по повод 75-годишнината од победата во Втората светска војна.Денес, исто така, го разгледавме целиот комплет клучни проблеми во чие решавање учествуваме и ја поддржавме избалансираната политика на српското раководство“, додаде тој.

Лавров рекол дека политиката на воена неутралност на Србија помага на мирот и стабилноста на Балканот.

„Разговаравме за нерешениот проблем на Косово, се залагаме Резолуцијата 1244 да се заснова на барање решение“, посочува тој.

Како што вели, руската позиција не е променета, таа е посветена на барање компромис и ќе ја поддржи само одлуката што ќе и одговара на Србија.Тој ги пренел и поздравите на рускиот претседател Путин.

Лавров и Вучиќ претходно го посетиле Храмот Свети Сава во Врачар, каде положиле цвеќе на гробот на неодамна починатиот патријарх Иринеј.

Претходно денес,бил запален „Вечниот оган“на Меморијалните гробишта на ослободителите на Белград кај истоимениот споменик.