МЖСПП: Можни прекини во достапноста на податоците за загаденост на воздухот, ќе се инсталираат нови инструменти

0
86

Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека поради инсталација на нови мерни иинструменти за мерење на квалитетот на амбиентниот воздух, во наредните седум дена, можни се прекини во достапноста на податоци од мерењата на одредени загадувачки параметри.

„ Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека поради инсталација на нови мерни инструменти за мерење во Автоматските мерни станици за квалитет на амбиентен воздух, почнувајќи од 12.12.2020 година па во наредните 7 дена, можни се прекини во достапноста на податоците од мерењата на одредени загадувачки параметри поради стабилизација и тестирање на новите мерни инструменти“ соопшти министерството.