Министерството за здравство започна преговори со Астра Зенека

0
72

Се позивесно е дека Македонија преку директни договори со производителите ќе набавува вакцини против Ковид-19 по информациите во светски медиуми дека од Ковакс механизмот тешко дека ќе стигнат дози во првото тромесечје од 2021-ва година. Според информации на Сител, вчера министерот Филипче имал разговор со компанијата Астра Зенека за оксфордската вакцина околу тоа колку дози најбрзо можат да стигнат во земјата и под кои услови ќе може државата да ги набави. Претходно од Министерството за здравство информираа дека добиле одговор од Фајзер за купување на нивната вакцина, но се уште биле во тек разговорите за првичните количини и кога тие можат да им бидат достапни на македонските граѓани. За разлика од кај нас, во Србија веќе во понеделник ќе добијат 5000 дози од Фајзер што ќе ги употребат за лицата во старски домови.

Трета опција за македонските здравствени власти е вакцини да ни обезбедат земји членки на ЕУ преку билатерлани договори и за тоа веќе се понудиле Полска и Грција, но и во овој случај нема конкретен рок.

Владата веќе исплати и 70 милиони денари за аванс преку Ковакс механизмот а е обезбеден и буџет од 488 милиони денари за вакцини.

Инаку надлежните соопштија дека планот по препорака на експерти е да бидат вакцинирани околу 60 до 70 проценти од населението за што ќе бидат потребни 2 милиони и 400 илјади дози. Предност за имунизација ќе имаат здравствените работници, хронично болните и постарите од 65 години.

Преземено од Сител