Мицкоски: Бришењето на предметот „Историја“ не е случајност

0
94

Бришењето на предметот „Историја“ не е случајност, истакна вечерва во интервју за МРТ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Мојата теза е дека или асимилација или евроинтеграција е проект – како да дојдеме по скратениот пат. Случајно е или не е случајно ова што се случува со бришењето на предметот „Историја“? Не е случајно. Откако гледате дека не можете да ги менувате членовите на Комисијата која преговара за историските настани, најдобро е тогаш да го избришете предметот „Историја“ па тогаш децата нема да учат историја. Или ќе учат некоја енциклопедиска историја. Тоа е најлесно, вели Мицкоски.

Според него, најлесен начин за убедување на јавноста е да се стави пред свршен чин и на тој начин би се поделила.

Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да лобира кај сите сестрински партии во Европа. Но вели дека партијата нема комуникација со ГЕРТ на бугарскиот премиер Бојко Борисов. Последен пат, двете партии биле во комуникација лани во август.