Мицкоски: Викаа режим имало, ама пола ги земаа во влада

0
72

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во Студио 10 на 24 ТВ, по веста дека екс функционерите од владата на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Пешевски и Кирил Миновски се советници на министерот за финансии Фатмир Битиќи, истакна дека иако власта велела дека претходната власт била режим, сега пола од претходната власт се во новата влада.

– Како што гледате овие истиве што викаа дека е режим, поготово Битиќи, јас се сеќавам на некои негови интервјуа во предизборието режим, режим, ама испадна пола советодавен тим му бил од режимот. Сега режим бил или не, прашува Мицкоски.

Мицкоски додаде дека не верува во иницијативата на Битиќи затоа што неговото однесување во минатиот период не оди кон таа насока дека ја сака татковината, туку напротив.