Мицкоски за 27 април: ВМРО-ДПМНЕ не беше дел од организацијата – народот се самоорганизираше

0
93

Судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година продолжува денеска, а како сведок се појави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски објасни дека обвинетите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во никој случај не биле поврзани со протестите што тој период се случуваа ниту пак партијта стоела зад нив. За протестите тој рече дека биле резултат на незадоволство на народот на случувањата во државата, пренесува Република.

-И јас кога можев присуствував на протестите и ги поддржував, рече Мицкоски.

За конкретниот ден, Мицкоски бил на состанок надвор од работното место и на враќање отишол кон Собранието каде веќе имало собрано луѓе да види што се случува.

-Дојдов до пред Собранието, но никогаш немав намера да влезам внатре, рече Мицкоски.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.