Мицкоски: Лично Бојко во очи ми призна дека Заев од опозиција му ветил дека ќе ги исполни сите бугарски барања само за да стане премиер

0
89

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју во емисијата Студио 10 на ТВ 24, вели дека лично бугарскиот премиер Бојко Борисов му признал дека Зоран Заев од опозиција му ветил дека ќе ги исполни сите бугарски барања само за да стане премиер.

Ме прашавте за Борисов, мене лично ми има кажано дека ова што денеска го бараат е ветено од Зоран Заев. Не сум присуствувал на тој муабет, не можам да ја потврдам веродостојноста на таа информација, се оградувам, но лично јас сум го слушнал од него. Кога овој бил опозиционер и кога бил градоначалник бил кај него и ова го ветил, само да дојде да биде премиер, рече претседателот Мицкоски.