Мицкоски: Незадоволството кај граѓаните е огромно, не се оптоваруваме со масовноста на протестите

0
77

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не е оптоварен кога станува збор за масовноста и за посетеноста на протестите организирани од партијата што ја предводи.

Како што рече тој во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат, општиот впечаток кај грашаните е дека во државава не се живее подобро и оти наместо напредок се бележи назадување.

„Дали на тие протести, коишто сме ги организирале, се придружиле 5, 10, 500, 5.000 или 50.000, ниту нас нѐ оптеретува, ниту треба да ја оптеретува власта, затоа што незадоволството е огромно. А, како тоа ќе кулминира ќе видат кога ќе се организираат следните избори. Со овој притисок што го правиме се надеваме дека тоа ќе се случи пред истекот на четиригодишниот мандат на власта“, рече Мицкоски.