МУТИРАНИОТ ВИРУС ВЕРОЈАТНО ГО ИМА И ВО МАКЕДОНИЈА

0
99

Новата мутација на коронавирусот веројатно ја има и во Македонија, вели токсикологот Нико Беќаровски за ТВ 24. Новомутираниот вирус може подолго време да опстане во организмот и повеќе луѓе да заразува, но нема потреба од паника, бидејќи секој вирус мутира, вели докторот.

„Тие се тие редовни мутации. Оваа мутација не е од сега. Ние сега ја гледаме само клиничката манифестација. Се смета дека некаде околу 4 000 мутации веќе се случиле внатре во тоа прераспределување од кои што некои стануваат појаки од оригиналниот како што е во овој случај и таа постепено веќе станува доминантна. Значи оваа мутација сега што ја гледаме наверојатно се појавила некаде во август – септември, затоа што треба и доволно долг период да се избори со веќе постојниот вирус за да стане доминантна.“ – вели д-р Нико Беќаровски – токсиколог.

Мутации на вирусот се потврдени и кај нас во лабораториите на МАНУ, вели министерот за здравство Филипче, но засега нема податоци дека вакцината против КОВИД нема да штити и од оваа мутација.

„И кај нас во нашите анализи кои што ги правеше лабораторијата во МАНУ имаше констатирано некои мали мутации. Оваа мутација која што е откриена во Велика Британија е мутација во повеќе делови на структурата на вирусот. Засега тие сознанија што ги имаме е дека нема никаква улога во одонос на ефикасноста на вакцината. Можеби има дополнителни испитувања кои што се прават. Мислам дека е се уште рано за некаква констатација во однос на тоа дали треба или не треба дополнителна фомра на вакцина, засега сметам дека не треба.“ – изјави Филипче.