Наместо 6 односно 7 часа директорите на детските градинки наложиле да се работи по 8 часа

0
79

Наместо 6 односно 7 часа директорите на детските градинки наложиле да се работи по 8 часа, откако претходно добиле наредба од Инспекторатот на Министерствотт за труд и социјална политика реагираа денеска од СОНК.

Од Синдикатот за образование наука и култура на пресс конференција која ја одржааа пред објектот на Министерството за труд и социјална политика, побараа да се почитува колективниот договор.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаскa ги отфрли обвинувањата. Нема никакви прекршувања на работничките права. Работното време на вработентие во градинките, се организира според колективниот договор

Од СОНК пак велат дека министерката Шахпаска потикнувала и подржувала работно време од 8 часа на состанок одржан неодамна со директорите на детските установи. Оттаму најавија порадикални чекори ако и понатаму не се почитува колективниот договор.