На штета на граѓаните и институциите, ВМРО-ДПМНЕ ги кочи измените на Деловникот на Собранието, неодговорното однесување на Мицкоски на дело

0
67

ВМРО-ДПМНЕ на чело со деструктивниот Христијан Мицкоски продолжува да работи на штета на граѓаните и во услови на сериозна криза со пандемијата предизвикана од коронавирусот се обидува да ја блокира работата на Собранието.

Со поднесување на голем број нелогични амандмани на предложените измени на Деловникот за работа на Собранието, кои треба да овозможат пратениците, кои се заболени од ковид-19 или се наоѓаат во изолација да можат да учествуваат во работата на собраниските тела на далечина, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го покажа своето неодговорно лице.

Во време на сериозни предизвици од коронавирусот, на граѓаните им се потребни функционални институции, кои ќе работат со полн капацитет, функционално собрание кое ќе носи мерки за ублажување на ударот од пандемијата.

Граѓаните го препознаваат и ќе го казнат користењето на ситуации со заразени или пратеници во изолација за остварување на теснопартиски интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ