НА 1.200 РАМКОВНИ ВРАБОТЕНИ ЌЕ ИМ СЕ ПОНУДИ МЕСТО ПО ПРИНЦИПОТ „ЗЕМИ ИЛИ ОСТАВИ“

0
124

Владата го усвои текстот на Предлог законот за систематизација на државните административци, односно вработените во Министерството за политички систем, но кои немаат работно место. Со ова, оваа институција верува дека ќе го реши долгогодишниот проблем со систематизација на вработените според Охридскиот договор, кои со години не можеа да најдат работа и не беа прифатени од државните институции како нивни вработени или самите ја одбиле работата и продолжиле да примат плати додека седат дома. Алсат го обезбеди текстот во кој се предвидува систематизација на административците според степенот на образование.

Член 3:

(2) Преземањето од ставот 1 на овој член се врши преку систематизација на вработениот на работното место на исто ниво, односно на работно место на кое вработениот ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот за систематизација на работни места во институцијата каде што се презема или е систематизиран“.

По влегувањето во сила, Министерството за политички систем изготвува план за преземње на административните работници и го доставува до Владата на одобрување.

Член 4

„… Најдоцна во рок од 15 дена по влегувањето во сила на овој Закон, Владата на Република Македонија предлага План за вработување административен персонал кој не е систематизиран од Министерството, а се вработени преку програмата К-5“.

Државните органи се должни да го одобрат планот 30 дена по приемот, додека МСП е должнa да изготви одлука за секој вработен. Административниот службеник е должен да потпише изјава за прифаќање на решението во рок од седум дена. Во спротивно решението за вработување му се одзема и тој се евидентира како вработен кој не е систематизиран во списокот за можен трансфер во Министерството за информатичко општество и администрација. Оваа одредба не го обврзува Министерството за администрација за неопходен прием на работникот со трајно решение.

Предлог законот предвидува вработени да потпишуваат работен однос до 31 декември оваа година, додека членот 7 предвидува казни за одговорните лица во институциите кои не ги спроведуваат и усогласуваат актите за внатрешна организација и систематизација на работните места. Од МПС велат дека предлогот се очекува да го помине првото читање во Собрание на 14 декември. Досега неколку пати беше ветувано систематизирање на административците.

Актуелната влада го започна овој процес во 2018 година кога првата фаза требаше да биде завршена за два месеци. Процесот никогаш не беше завршен. Неофицијално, над 1.500 административци примаат плати, но немаат работно место.