Неделава и официјално ќе започне скијачката сезона на Попова Шапка, шестоседот нема да работи

0
85

Неделава и официјално ќе започне скијачката сезона на Попова Шапка информираа од раководството на центарот. Патеките, ски лифтовите и жичниците се подготвени. И без официјалниот старт на скијачката сезона Попова Шапка е преполна со туристи.Ски лифтовите не работаат, но љубителтие на скијањето и пешки се качуваат по патеките само да го искусат снегот кој падна деновиве во висина и до половина метар. Снежната покривка треба што поскоро да се искористи, велат туристите кои бараат и што поскоро да започне скијачката сезона, односно да започнат со работа ски лифтовите и жичниците.

Владата со години ветува инвестиции во центарот, но минатиот месец најави продажба или јавно приватно – партнерство, со цел нејзин брз развој. Од Иницијативата да ја спасима Попова Шапка, сметаа дека најпрвин треба да се обезбеди основна инфраструктура која би привлекла сериозни приватни инвеститори.

Од Иницијативата сметаат дека Попова Шапка треба да биде стратешки интерес на државата, кој може да донесе голем прилив во буџетот, со оглед на природниот потенцијал со кој располага. Но наместо тоа тој со децении е на дното заедно со неколку скијачки центри во Југоисточна Европа.