Николоски: Димитров му работи на Заев зад грб

0
92

Алексадар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само вистина “ на Канал 5 изјави дека Никола Димитров му работи зад грб на Зоран Заев, бидејќи брифирал десетина новинари од таборот на СДСМ дека благодарение на него, лидерот на СДСМ и претседател на Владата не ги прифатил барањата на Бугарија за обезличување на Македонија и македонскиот народ. Според Николоски, Димитров тврдел дека доколку не бил тој, Заев веќе би се потпишал под барањата на Софија. Николоски смета дека ова е обид на Димитров да се извлече од позицијата во која тој, Заев и Османи се најдоа по потпишувањето на Договорот за добрососедство, оставајќи го Заев сам на ветрометина.

Николоски, исто така, јавно запраша дали е вистина дека Заев, односно функционери од неговиот круг, се подготвуваат за компромитација на членови од Комисијата за историја со Бугарија, бидејќи таа, откако се „усогласила“ за пет историски личности, не сака до крај да ја одигра улогата што Заев и ја наменил и не сака да ги потпише и последните барња на Бугарија кои се однесуваат на Илинденскиот период и на Втората светска војна.

Третото тврдење на Николоски е дека во рамки на бизнис ветувањата кои Заев е спремен да и ги озвозможи на Бугарија, покрај рудникот Иловица и една национална ТВ, се државни акции во мобилен оператор, банка и слободно користење на оптички кабел на една државна компанија, што според Николоски, упатува и на безбедносни импликации кон сигурноста на Македонија.