Нова мутација на корона вирусот ги запали црвените алрми во Бразил. Група истражувачи детектирале нова варијанта на патогенот што предизвикува Ковид-19 во регионот Рио де Жанеиро, делот од Бразил што е најтешко погоден од епидемијата.
Според истажувањето спроведено од Националната лабораторија за компјутесрки научни истражувања (ЛНЦЦ) во соработка со Федералниот Универзитет на Рио де Жанеиро, оваа нова мутација првпат била забележана во градот Рио де Жанеиро, што е главен град на овој регион.
Според сознанијата на медицинските власти, оваа мутација засега не е проширена во други делови од земјата и е „делумно ограничена“ на градот, но надлежните предупредуваат дека постои можност тоа да се случи.
Значителното зголемување на фреквенцијата со која се појавува оваа мутација ја подига загриженоста за одржувањето на јавното здравје и за потребата за геномско следење за време на вториот бран од инфекции – предупредуваат медицинските власти.
Карактеристики на новата мутација
Новата мутација е откриена откако генетички е секвенцирана Б.1.1.28 варијантата, која циркулираше низ Бразил од почетокот на годината и се проценува дека нагло порасна во јули. По извршена анализа на на примероците од 180 САРС-КоВ-2 геноми, откриени се „пет уникатни мутации“ кои рапидно се прошириле.
Истражувањето, сепак, не покажува дека оваа нова варијанта на вирусот е попренослива, нешто што што се случува со мутацијата откриена во Велика Британија неодамна.
Тоа што научниците успеале да го потврдат е дека нема индикации оти мутацијата на вирусот би можела да ја намали ефикасноста на вакцините, што веќе се дистрибуираат шитум светот.
Република