Нова студија ја разби најголемата заблуда за короната

0
116

Постојано бришење на површини со алкохол и манијачко купување на средства за дезинфекција може да биде прекумерна реакција, сугерира ново истражување.

Студија на Емануел Голдман, микробиолог од универзитетот „Рутгерс“ во САД, објавена во научното списание „Лансет“, покажа дека едно лице веројатно нема да се зарази со коронавирус доколку дојде во контакт со површина претходно погодена од честички на вирус, пренесе NPR.com.

„Во болниците беа тестирани области во близина на пациенти заразени со Ковид-19 и не беше пронајдена заразна варијанта на вирусот“, рече Голдман.

Според него, вирусната рибонуклеинска киселина (РНК) што е пронајдена е всушност „трупот на вирусот“, единственото нешто што останува кога ќе умре вирусот.

„Штом се најде во околината, вирусот е многу слаб и многу брзо умира“, објасни Голдман.

Неговите заклучоци се спротивставуваат на сите студии што предупредуваат уште од почетокот на пандемијата дека вирусот на одредени површини може да преживее неколку дена. Се зборуваше за пренесување на вирусот кога заразено лице кива и кашла во близина на површина, а потоа друго лице можеше да ја допре таа контаминирана површина, а потоа и очите, носот или устата. Затоа беше толку важно редовно да се дезинфицира сè и да се носат ракавици. Сега експертите посочуваат дека сите докази покажуваат дека вдишувањето на честички на вирусот е главниот пренос на инфекцијата.

Од друга страна, се поставува прашањето колку опасна може да биде дезинфекцијата на рачките на вратите, пакувањата и прехранбените производи со силни средства.