Новоформираното претпријатие Русино Полог ја одржа првата конститутивна седница

0
72

Новоформираното претпријатие Русино Полог ја одржа првата конститутивна седница. Оттаму ветија решавање на проблемот со дивото депонирање на смет во регионалната депонија Русино во гостиварско.

За неколку недели според првиот човек на Центарот за полошки плански регион Фатмир Саити, ќе започне изградба на систем за одведување на отпадните води од депонијата Русино.

Почетокот на работата на претпријатието доцнеше, затоа што за истото да се формира се чекаа одлуките од сите совети на општините од полошкиот регион.

Бесим Догани е назначен за вд директор на Русино Полог.