Макрадули за огласот за 280 пошторазнесувачи: Ги штитам своите вработени

0
99

Огромна почит до сите поштари кои несебично, пожртвувано и целосно изложени на ризиците кои ги носи Ковид-19 вирусот, сиве овие месеци чесно ја заработуваат својата егзистенција, изложувајќи го на опасност своето и здравјето на нивните најблиски.
Тие не заслужуваат да бидат ничија партиска мета. Ќе сторам се да ги заштитам моите вработени и нивното достоинство, вели Јани Макрадули, директорот на Пошта на Северна Македонија откако вчера беше објавено дека објавил оглас за 280 пошторазнесувачи.
Тој дообјаснува дека на ваков начин впрочем не вработува нови луѓе туку го решава статусот на веќе ангажираните на определено време.
Според огласот нето плата е 17.656 денари.
На ова вчера реагираше пратеникот Антонио Милошоски кој вели дека ова е огромна бројка за претпријатие кое изминатиот период влезе во долгови, а државата размислува да го даде на продажба.