Од утре нема онлајн обложување

0
74

Од утре веќе нема онлајн уплати во домашните обложувалници. Истекува рокот на уредбата со која кладилнците шест месеци имаа можност да органзиаираат онлајн обложување. Од секторот велат дека ако државата не овозможи и во иднина да има уплати на ваков начин, ризикува да изгуби 100 милиони евра, пари кои во моментов се неопходни.

Онлајн обложувањето е на самиот почеток. Луѓето повторно ќе се насочат кон странските сајтови, а загубите за државата би биле од 40 до 50 милиони евра на годишно ниво. Затоа бараме итно имплементирање на уредбата во законот за игри на среќа. Владата имаше време шест месеци да го стори тоа и покрај нашите апели никој немаше слух за тоа, велат од Асоцијацијата на спортски обложувалници

Од асоцијацијата велат дека преку онлајн уплатите од мај до декември во буџетот се слеале близу 2 милиони евра, а кладилниците биле растеретени од гужви.