Откриена е нова мутација на Ковид-19 на југот на Англија

0
86

Откриена е нова мутација на коронавирсот која брзо се шири на југот на Англија објави британскиот минситер за здравство. За само неколку денови новиот мутиран вид е идентификуван кај најмалку 1000 луѓе соопшти министерот. Британските научници прават детални студии, а за ситуацијата е известена Светска здравствена организација.

Рускиот претседател му ја честиташе победата на Џо Бајден на американските претседателски избори. Од моја страна, подготвен сум за соработка и контакти со вас напиша Владимир Путин во пораката до Бајден. Честитката дојде откако изборниот колеџ на САД и формално го избра Бајден за претседател

-Пламенот на демократијата одамна гори во оваа држава.. И сега знаеме дека ништо –дури ни пандемијата- или злоупотреба на моќ – не може да го изгасне тој пламен. Ќе бидам претседател на сите Американци рече Џо Бајден.