Падна Владата на Хоти во Косово – Уставениот суд отвори пат за вонредни избори

0
108

Косовскиот уставен суд ја „собори“ владата на Авдулах Хоти вечерва, бидејќи чинот на гласање со кој неговиот кабинет ја доби поддршката од парламентот беше прогласен за неуставен.

Според одлуката на судот, се наложува распишување на нови избори.

Нови, предвремени избори во Косово мора да се одржат најдоцна 40 дена по објавувањето.

Владата на Авдулах Хоти во вториот обид доби поддршка од 61 пратеник во косовскиот парламент, но бидејќи Уставниот суд го прогласи клучниот глас за ништовен и неважечки, на претседателот на Косово му беше наредено да распише нови избори.