Палмер: Спорот со Бугарија треба да се решава надвор од пристапниот процес за ЕУ

0
73

Заменик-помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, за „Гласот на Америка“ порача дека пристапниот процес за во ЕУ треба да се базира на принципи, а Македонија има направено доволно реформи да го оправда одржувањето на првата Меѓувладина конференција и затоа билатералниот спор со Бугарија треба да се решава надвор од пристапниот процес.

Палмер се надева дека ќе се постигне договор првата Меѓувладина конференција со Македонија да се одржи за време германското претседателство.

Македонија има направено доволно за да се квалификува за Меѓувладината конференција, и мислам дека мнозинството членки на ЕУ се јасни во тоа. Ќе продолжиме да работиме со нашите европски партнери да се исполни тоа. Ќе направиме се`што можеме да го подготвиме теренот, и ќе продолжиме јавно да ја демонстрираме нашата силна поддршка за придвижување на Македонија кон членството во ЕУ – изјави Палмер.