Пендаровски: Ако бугарската страна оди со агресивна реторика како што оди, договор нема да има

0
119

Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното гостување на телевизија Сител рече дека ако се сака да се дојде до решение, двете страни мора да испраќаат меки пораки.

-Имаме уште два дена, но од она што се знае, пробив нема. Ставовите на Бучковски се исти со нашите ставови. Тој е специјален претставник и не смее да има ставови различни од државниот врв. А, тоа е дека има црвени линии за кои не смее да се преговара. Мој став е дека веднаш по враќањето на Бучковски од Бугарија, мора да се врати назад да ме информира мене, премиерот и лидерот на опозицијата, се разбира ако тој сака. За некое прашање ако сакате да се најде решение двете страни мора да одат со меки пораки. Ако бугарската страна оди со агресивни пораки како што оди, тогаш договор нема да има.
Ако сега не успееме да направиме пробив, ќе мораме да чекаме да завршат изборите во Бугарија во март. ГЕРБ на Борисов има кренато рејтинг од 7 отсто во последниве месец ипол, и тоа можеме да претпоставивме дека е најголемиот дел е заради ова јуначење, не знам како да го наречам, кон Северна Македонија. Ваквото однесување и тоа како им се исплати. Политичката логика е дека тие ќе се обидат максимално да го искористат до изборите, смета Пендаровски.