Пендаровски: Албанскиот фактор од секогаш ги поддржувал напорите за зачувување на македонскиот идентитет

0
65

Албанскиот политички фактор во сите изминати години, било на власт или опозиција, имал коректно однесување и разбирање за нашите напори за зачувување и промовираме македонскиот идентитет, рече претседателот Стево Пендаровски во своето годишно обраќање во Собранието.

„Таквиот став ни помагаше да бидеме посилни на сите средби со странските емисари, затоа што знаевме дека зад себе имаме усогласена државна позиција. Северна Македонија е наша заедничка куќа во која нема поделби на потстанари и газди“, рече Пендаровски.