Пендаровски: Владата во лош тајминг одбра да расправа за предметот историја

0
123

Претседателот Стево Пендаровски во синоќешното интервју на националниот телевизиски сервис рече дека Владата и Министерството за образование не го одбрале соодветното време кога да објават дека историјата во основното образование ќе се изучува заедно со географијата и граѓанско општество како еден предмет.

– Тајмингот беше лошо одбран во периодот кога бевме блокирани од Бугарија на патот да добиеме датум за преговори. Јас останувам на ставот дека реформите во образованието треба да започнат час поскоро и дека многу е пропуштено до сега, рече шефот на државата и додаде дека сепак историчарите го немаат кажано својот последен збор во дебатата и дека треба да се слушне нивниот глас.