ПЕНДАРОВСКИ: МИЦКОСКИ ГО ПОДДРЖА СТАВОТ ДЕКА НА ЗЕМЈАТА НЕ И Е ПОТРЕБНО ЧЛЕНСТВО ВО ЕЕЗ

0
118

Во врска со прашањата за изјавата на претседателот Стево Пендаровски за потенцијално членство во Европската економска зона, од кабинетот на претседателот информираат дека во октомври 2019 кога отворањето преговори со ЕУ за нашата земја беше одложено заради усвојување на новата методологија, во Брисел, неофицијално циркулираше идејата за алтернативно членство за државите од Западниот Балкан во европската економска зона.

Ставот на претседателот Пендаровски и тогаш и сега беше дека никаква алтернатива на членство не треба да се прифаќа затоа што полноправното членство во ЕУ подразбира да сте дел и од заедничкиот европски пазар.

Пендаровски, на 20 октомври 2019 година свика средба на лидерите на парламентарните политички партии од власта и од опозицијата и на средбата бил постигнат апсолутен консензус, вклучително и од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бил поддржан ставот дека на земјава и е потребно членство во Европската Унија, а не учество во алтернативни облици на соработка со ЕУ, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот