Повеќе од пет велосипедисти загинаа во САД ,кога камион влета во тркачката патека(ВИДЕО)

0
63

Несреќата се случила кога камион удрил во безбедносното возило кое било придружба на група од 20 велосипедисти, соопштија официјалните лица.

Властите известуваат дека возачот на камионот останал на местото на несреќата, каде што се испратени полицајци да го прегледаат возилото. Тие веруваат дека возачот бил свесен што прави за време на несреќата.

Сведоците тврдат дека несреќата се случила кога камионот влетал на патеката за велосипедисти, пренесува АП.

Пет велосипедисти починале на самото место. Еден од повредените бил пренесен во болница во критична состојба, другиот е со помалку сериозни повреди во болница, додека третиот се здобил со полесни повреди.

Групата учествувала во неформална трка за да го прослават пензионирањето на еден од велосипедистите.