Полициска акција во Арачиново: Запленето поголемо количество на марихуана

0
69

Полицијата од синоќа спроведува акција во која се вклучени и припадниците на специјалните единици. Според првичните неофицијални информации уапсени се неколку лица. Акцијата продолжува и денес.

Дека марихуана била украдена од магацин за складирање во валандовско Јосифово МВР потврди пред неколку дена. Товарот таму бил сместен во камион во 200 кутии кој заминал од погонот рано утрината во четвртокот, а чуварот пријавил дека станува збор за грабеж.

Од Министерството не потврдуваат дали акцијата завршила, меѓутоа на видеото кое беше објавено на социјалните мрежи, може да се забележи повлекување на полициските возила, меѓу кои и камиони. Неофицијално приведени се неколку лица, а станува збор за заплена на поголема количина марихуана, која пред неколку дена била украдена од магацин за склад на марихуана во Јосифово, Валандово

.https://youtu.be/rKvuUGZeRHI?t=2