Почина заменик-градоначалникот на град Скопје, Енвер Малиќи

0
73

Тој бил хоспитализиран во болница поради здравствни проблеми, со тест му било потврдено присуство на коронавирус. Градот Скопје на социјалните мрежи ја објави тажната вест.

„Денеска загубивме голем пријател, драг колега и човек кој својот лик и дело на повеќе нивоа нераскинливо ги врзува за Скопје.“

Преку социјалните мрежи сочувство за загуба на заменик-градоначалникот Енвер Малиќи изразија и премиерот Зоран Заев, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов како и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во град Скопје.

Изминатото деноноќие од ковид-19 во болнички услови животот го загубија 32 лица, информираа од министерството за здравство. Црниот ноемвриски бран на починати од корона вирус ја искачи Македонија на второ место по починати за една недела споредено со земјите во регионот. Трендот кој започна во септември, дополнително се засили во октомври, последнава недела ескалира. Ако од почеток на пандемијата заклучно месец октомври имаше 994 починати, само во ноември црниот ковид биланс во Македонија изнесува 769 лица.

Слична е состојбата и со земјите во региононот. Статистичките податоци покажуваат дека во моментов најтешка е состојбата во Бугарија, таа е на врвот на листата со 19,86, Македонија со 14,88 и Босна и Херцеговина со 14,76 на милион жители.

Словенија е на прво место во Европа според неделниот број на смртни случаи од коронавирус, со просечен број од 23,23 пациенти на милион жители, Унгарија со 13,78 и Хрватска со 13,50 смртни случаи на милион жители.додека СрбСрбија со 8,1% смртност од корона.