Почина Џеј Рамадановски

0
68

Во 56-та година од животот денеска почина познатиот српски фолк пејач, Џеј Рамадановски, поради проблеми со срцето. Во неодамнешно интервју тој изјави дека е во строг карантин затоа што поради здравствените проблеми, коронавирусот би бил погоубен за него.

„Не смеам да излегувам за да не се изложувам на ризикот да се разболам. Веќе имав здравствени проблеми со срцето и вирусот за мене би можел да биде кобен. Не се гледам ниту со најдобрите пријатели“ – рече тогаш Рамадановски.

Роден е во големо чевларско семејство на Мазлам и Барија Рамадановски како единствено машко дете. Семејството Рамадановски потекнува од Ресен во Македонија.

Првите години од својот живот ги минува на Дорчол во Белград. По разводот на неговите родители, живее извесно време со неговата баба по мајка, а потоа, поради неговата склоност кон малолетничка деликвенција до полнолетството сместен е во домовите за воспитување на деца и млади.

Во тоа време аматерски се занимава со музика. По запознавањето со Марина Туцаковиќ, Рамадановски го прави првиот сериозен чекор во музиката. Со песната „Зарем јас да ти ги бришам солзите“, тој учествува на фестивалот МЕСАМ во 1987 година и го освојува второто место.

Во текот на 90-те години од минатиот век, Џеј Рамадановски беше популарен низ цела поранешна Југославија, особено во Србија, Македонија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Додека беше на врвот на својата популарност, имаше турнеи и во странство (во Германија, Шведска, Канада, САД)

Џеј се појави и во филмот „Ајде да се сакаме 2“ од 1989 година, каде изведуваше една од неговите тогаш популарни песни „Дали се согласуваш“. На Гранд фестивалот во 2008 година го освои второто место со песната „Да се има, па да се нема“.