Пратеничката од бугарското ВМРО-БДН, Марија Цветкова: На светот му стана јасно дека кирилицата е бугарска азбука

0
129

Пратеничката од владејачката ВМРО-БДН, Марија Цветкова, по прогласувањето на 24.Мај за „Ден на светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, образование и култура и на словенската литература“ изјави дека Македонија и Бугарија се две држави, но еден народ.

-Никогаш не престанавме да и подаваме рака на Македонија. Бугарија ја призна независноста на Македонија пред 30 години со цел да добие независност од Југославија. Бугарија направи се што е можно за да можат другите земји да ја признаат. Со промената што ние од ВМРО и „Обединетите патриоти“ ја предложивме во Законот за работни на светот му стана јасно дека кирилицата е бугарска азбука. Со промена на словенското писмо со бугарско во името на празникот, ние му даваме тежина на бугарското писмо. Покажуваме дека кирилицата е основа на словенската литература.