Русино прво ќе го направиме санитарна депонија, па потоа ќе го затвориме

0
80

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска издаде наредба на Центарот за развој на Полошкиот плански регион, преку ангажираниот изведувач „Пелагонија“ АД Гостивар и ЈКП „Комуналец“ Гостивар, да спроведат брзи мерки за санирање на последиците по животната средина од работењето на постојната локација за отстранување на отпад во Русино.

Наредбата доаѓа по усвојување на заклучокот на владина седница на 1 декември, по иницијатива на Нуредини, информираат од надлежното министерство.

„Брзите мерки треба да опфатат изградба на систем за третман на исцедокот кој се состои од насип кој ќе спречува влевање на атмосферски води во веќе депонираниот отпад, канал, резервоар и пумпа што ќе го враќа исцедокот во постоечката депонија, административна куќарка за вработените, вага за мерење на возилата кои транспортираат отпад за депонирање и делница каде ќе се постави вагата, за што се обезбедени средства преку Проектот за воспоставување на новиот регионален самоодржлив систем за управување со комунален отпад во целиот Полошки регион преку грант од Швајцарската Влада за Владата на РСМ од 1.900.000,00 швајцарски франци“, стои во соопштението на МЖСПП

За Русино да стане депонија со какви-такви стандарди, прво треба да се легализира, бидејќи во моментов таа за државата не постои како јавен објект, велат во Центарот за развој на полошки плански регион. Откако ќе ги добијат сите потребни документи од повеќе државни институции, врз нивна основа понатаму оваа локација ќе може да се санира за да функционира како легална депонија, додека се изгради новата.