Серија земјотреси ја погодија Хрватска: Луѓето преплашени-„никогаш не сум доживеал вакво нешто“ (ВИДЕО)

0
80

Земјотрес со јачина од 5,2 степени го потресе централниот дел на Хрватска. После тоа, се почувствува уште еден силен земјотрес од 4,9 степени, недалеку од Петриња.

Првиот бил почувствуван нешто пред 6,30 часот, а епицентарот бил на 50 километри југоисточно од Загреб и 13 километри југозападно од Сисак, на длабочина од 2 километри.

Два земјотреси со јачина од 4,7 и 4,1 степени според Рихтеровата скала утрово ја погодија областа околу Сисак, по првиот земјотрес со јачина од 5,0 степени, објави хрватската сеизмолошка служба.

Нови земјотреси се регистрирани во 7,49 и 7,51 часот, а се почувствувале и во областа на Загреб. Засега нема извештаи за штети.

Епицентарот бил на длабочина од 10 километри, 44 километри југоисточно од Загреб и 11 километри југозападно од Сисак.

Медиумите јавуваат дека Петриња исто така бил потешко погоден. Даринко Думбовиќ, градоначалник на Петриња, рече дека има штети во градот.

„Нè погоди силен земјотрес, никогаш не сум го доживеал ова. Не знам дали има жртви,но има материјална штета“, рече Думбовиќ.

„Се тресеше 15-20 секунди, ме разбуди“, напиша жител на Иваниќ-Град на веб-страницата на ЕМСЦ.

“Се тресеше во Карловац. Според субјективната проценка, се тресеше повеќе отколку во Загреб”, вели жител на Карловац.

“Јас сум од Пазин и чувствував тресење … Поточно, моето куче. Тоа се разбуди и гледаше во празно … а потоа плакарот ми се тресеше неколку секунди … Ужас”, изјави Хрватот за Index.hr.

„Сопругот и јас почувствувавме силен потрес, спиевме и нè разбуди ужасен звук и трсење, креветот ни се тресеше и траеше неколку секунди … Имаме четири деца, 16-годишните близнаци се разбудија и беа исплашени, а момчињата спијеа и фала му на Бога што не почувствуваа ништо. Ви пишувам од Брезовица, градот Загреб “, напиша една жена за локалните медиуми.

Пресс24