Се тепале меѓу себе, па го претепале и полицаецот кој интервенирал

0
83

Поради нарушување на јавниот ред и мир, извршено насилство, тепачка и спречување на полициски службеник при вршење службено дејствие, полицијата од слобода ги лиши А.А.(38), А.Ф.(36), Д.Ф.(49) и С.Ф.(26), сите од општина Центар Жупа”, информира Стефан Димоски, портпарол на секторот за внатрешни работи-Охрид.

Димоски рече дека приведените лица на локален пат во Центар Жупа започнале вербална расправија која прераснала во физичка пресметка, која се обидел да ја спречи полициски службеник од полициската канцеларија во Центар Жупа.

„Полцискиот службеник бил нападнат при што се здобил со телесни повреди. По целосно документирање на настанот, ОВР Дебар ќе поднесе соодветни пријави”, рече Димоски.