Се укинува предметот историја како посебен предмет во основното образование

0
85

Се учел непотребен обемен материјал па затоа МОН ќе го укинува предметот историја и ќе го вметне во предмет општествени науки. Реформите за основно образование предвидуваат во наставната програма да има помалку предмети. Во општествени науки ќе бидат вклучени историја, граѓанско општество и географија а во природни науки како едно ќе се изучуваат биологија, хемија, физика и географија. Министерката Царовска вели концептот е правен согласно светската пракса за да остави повеќе простор за интерактивна настава.

Наставниците по историја се револтирани и сметаат дека на овој начин се оди на квантитет а не на квалитет во образованието. Доколку навистина се работи за подобрување на резултатите при писа тестирањето на учениците тогаш математика е предметот кој треба да претрпи реформи смета Младеновски.

Младеновски до пред две години бил претседател и на европската асоцијација и тврди дека ниту една развиена земја не го укинала предметот историја.

По 100 дена раководење со МОН, Царовска истакна дека најмногу труд вложиле  образованието да биде достапно за сите, но не откри кога во целост ќе профункционира национална платформа за онлајн настава.

Извор Сител